Ресорт Маврово Вработува!

Ресорт Маврово има потреба од следниве работни позиции: рецепционер, келнер/шанкер, готвач, помошник во кујна, салатер, собарка, хаусмајстор. 

 

Empoyees RM

ОГЛАС ЗА СЕКТОР КУЈНА

отвач, помошник во кујна, сзалатер)

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Подготвува оброци за вработените;
  • Економично управува со залихите на производи;
  • Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
  • Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;
  • Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.

Работни одговорности на Мијач на садови во Ресорт Маврово:

  • Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Мијач на садови.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Организациски и лидерски вештини;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Лојалност и чесност;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работатa.

Потребни квалификации и одговорности:

  • Потребно е работно искуство од мин. 3 години како готвач (предност имаат кандидати кои имаат работено во хотелски ресторан);
  • Одлично познавање на македонска и странски кујни;
  • Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Кујна аплицирате, Готвач / Помошник готвач / Мијач на садови.

Рок за пријавување на огласот: 03.09.2022

 

RM Kitchen

 

ОГЛАС ЗА РЕЦЕПЦИОНЕР

Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово ДОО:

  • Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
  • Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
  • Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
  • Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
  • Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој.

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
  • Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
  • Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
  • Вештини за работа на компјутер;
  • Работа во три смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз; 
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 15.08.2022

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV на следниот меил: hr@resortmavrovo.com со назнака Рецепционер. Ве очекува Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 15.08.2022

 

RM reception

 

ОГЛАС ЗА СОБАРКА

Работни одговорности на Собарка или Хигиеничар/ка во Ресорт Маврово:

  • Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
  • Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
  • Помага при работните задачи во перална;
  • Други одговорности соодветни на работното место Собарка или Хигиеничар.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност во работата;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

Потребни квалификации:

  • Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
  • Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
  • Мин. ССС;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време 

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Перална аплицирате, Собарка или Хигиеничар/ка.

Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022

RM Housekeeping

 

ОГЛАС ЗА КЕЛНЕР(КА) /ШАНКЕР(КА)

Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:

  • Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот и одговара на нивните барања;
  • Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
  • Други одговорности соодветни на работното место Келнер.

Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:

  • Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
  • Води евиденција за залихата на пијалоци;
  • Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност.

Потребни квалификации:

  • Искуство како келнер / шанкер од мин. 1 година
  • Познавање на странски (англиски / албански) јазик се смета за предност;
  • Предност е доколку кандидатот е од Гостивар и околината или општина Маврово и Ростуша;
  • Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци на ден;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан аплицирате, Келнер или Шанкер.

Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022

 

RM restaurant

ОГЛАС ЗА ХАУС МАЈСТОР

Работни одговорности на Хаус мајстор во Ресорт Маврово ДОО:

  • Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
  • Работа со разновиден алат;
  • Врши поправки во хотелите согласно работните налози;
  • Други одговорности соодветни на работното место Хаусмајстор.

Работни одговорности на Домар во Ресорт Маврово:

  • Врши превоз на вработените во Ресорт Маврово до работното место;
  • Помага на другите сектори во секојдневните работни задачи;
  • Се грижи за општата хигиена во објектите и доворовите на ресортот;
  • Други одговорности соодветни на работното место Домар.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност во работата;
  • Организациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Лице способно за извршување на физички работи.

Потребни квалификации:

  • Искуство од мин. 2 години работа како мајстор;
  • Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
  • Мин. ССС;
  • Возачка дозвола B категорија;
  • Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија, молерисување, техника...;
  • Флексибилно работно време.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана и спа центар;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Хаус мајстор.

Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022

 

 

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово, 072809999 (од понеделник до петок 08-16 ч.)