Ресорт Маврово има потреба од следниве работни позиции: рецепционер, келнер/шанкер, готвач, помошник во кујна, салатер, собарка, хаусмајстор.
ОГЛАС ЗА СЕКТОР КУЈНА
(готвач, помошник во кујна, сзалатер)
Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:
- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Подготвува оброци за вработените;
- Економично управува со залихите на производи;
- Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
- Други одговорности соодветни на работното место Готвач.
Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:
- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;
- Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.
Работни одговорности на Мијач на садови во Ресорт Маврово:
- Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Мијач на садови.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Организациски и лидерски вештини;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Лојалност и чесност;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност;
- Педантност во работатa.
Потребни квалификации и одговорности:
- Потребно е работно искуство од мин. 3 години како готвач (предност имаат кандидати кои имаат работено во хотелски ресторан);
- Одлично познавање на македонска и странски кујни;
- Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Кујна аплицирате, Готвач / Помошник готвач / Мијач на садови.
Рок за пријавување на огласот: 03.09.2022
ОГЛАС ЗА РЕЦЕПЦИОНЕР
Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово ДОО:
- Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
- Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
- Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
- Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
- Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
- Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Вештини за работа на компјутер;
- Работа во три смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 15.08.2022
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV на следниот меил: hr@resortmavrovo.com со назнака Рецепционер. Ве очекува Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 15.08.2022
ОГЛАС ЗА СОБАРКА
Работни одговорности на Собарка или Хигиеничар/ка во Ресорт Маврово:
- Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
- Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
- Помага при работните задачи во перална;
- Други одговорности соодветни на работното место Собарка или Хигиеничар.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
Потребни квалификации:
- Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
- Мин. ССС;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Перална аплицирате, Собарка или Хигиеничар/ка.
Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022
ОГЛАС ЗА КЕЛНЕР(КА) /ШАНКЕР(КА)
Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:
- Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот и одговара на нивните барања;
- Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Други одговорности соодветни на работното место Келнер.
Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:
- Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Искуство како келнер / шанкер од мин. 1 година
- Познавање на странски (англиски / албански) јазик се смета за предност;
- Предност е доколку кандидатот е од Гостивар и околината или општина Маврово и Ростуша;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
- Сместување и 3 оброци на ден;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан аплицирате, Келнер или Шанкер.
Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022
ОГЛАС ЗА ХАУС МАЈСТОР
Работни одговорности на Хаус мајстор во Ресорт Маврово ДОО:
- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
- Работа со разновиден алат;
- Врши поправки во хотелите согласно работните налози;
- Други одговорности соодветни на работното место Хаусмајстор.
Работни одговорности на Домар во Ресорт Маврово:
- Врши превоз на вработените во Ресорт Маврово до работното место;
- Помага на другите сектори во секојдневните работни задачи;
- Се грижи за општата хигиена во објектите и доворовите на ресортот;
- Други одговорности соодветни на работното место Домар.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Организациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Лице способно за извршување на физички работи.
Потребни квалификации:
- Искуство од мин. 2 години работа како мајстор;
- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
- Мин. ССС;
- Возачка дозвола B категорија;
- Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија, молерисување, техника...;
- Флексибилно работно време.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Законот за работни односи (минат труд + работа во недела + работа во празник + прекувремена работа);
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Хаус мајстор.
Рок за пријавување на огласот: 25.08.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово, 072809999 (од понеделник до петок 08-16 ч.)