This block is broken or missing. You may be missing content or you might need to enable the original module.

СКИЈАЊЕ

Скијање

Алпското скијање број еден дисциплина во Ски Маврово. Децении наназад е познато како “лулка на Алпското скијање“ и се повеќе ги маѓепсува скијачките ентузијасти од година в година. Традицијата и современоста, идентитетот и иновативноста хармонично се комбинираат низ годините во Ски Маврово, авантуристичките скијачки ги пленат скијачките срца и гарантираат разновиден и релаксиран скијачки одмор во срцето на Бистра масивот.  
Не заборавајте дека Ноќно скијање е опција на нашите падини за време на викендот, поконкретно петок и сабота од 19.00 - 22.00. 
Традиционално низ годините во Ски Маврово се одржуваат разни официјални национални, регионални и европски скијачки купови и натпревари, што го прави Маврово уште поголем предизвик и го става на европската “must visit” листа на ски центри.

 

Нордиско/Крос-кантри скијање

Крос-кантри или нордиско скијање не само што е одличен начин да останете фит туку и еден од најдобрите спортови да го истражите огромниот недопрен магичен терен на Бистра планина. Доколку сакате да пробате сосема поинаков начин да ги истражите снежните пејсажи и да уживате во апсолутен мир и тишина, наша препорака е нордиско скијање.

Ски Центар Маврово нуди 30 км  патеки за нордиско скијање, од кои најпозната е Мирна Долина на која се одржува и традиционалниот Мавровски Меморијал како престижен Балкански Куп и важи за еден од најстарите нордиски скијачки купови во регионот дури и во Европа.

Ски Туринг

"Добро сервирано кога е заслужено"

Недопрена природа, убавините на длабокиот снег и бескрајните можности ги чекаат остоумните скијачи. Бистра масивот има неколку врвови поголеми од 2,000 метри, што нуди огромен терен за откривање и конзумирање. 
Скијачкиот Центар Маврово го поддржува развојот на ски туринг културата, но практикување на ски туринг на скијачките стази кои се отворени е забрането поради безбедносни причини. Бидете свесни дека на црните стази Корја - Едносед и Маврово 1 и 2 ратраците по скијачкиот ден постојано работат со сајла - винч, поради избегнување било каква ризична ситуација.

Нашите обучени скијачки водичи може да ве однесат на најубавите и тајните локации надвор од секојдневните скијачки стази. За повеќе информации можете да не контактирате на: backcountry@skimavrovo.com.