COVID-19

Пред нас следи една прекрасна зимска сезона во Ресорт Маврово исполнета со забава, рекреација и одмор. Едно нешто е секако најважно а тоа е безбедноста и здравјето на нашите гости. Затоа строго почитувајте ги пропишаните протоколи кои се преземаат со цел заштита и делување против ширењето на вирусот Kовид-19.

 

COVID19

 
Мерки во Скијачкиот центар
  • Задолжително  растојание помеѓу посетителите од два метри во редот пред качување на жичарницата и ски лифтови. Посетителите задолжително е да носат лична заштитна опрема – маски при возење на жичарницата и ски лифтовите.

  • Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување редот, дисциплината и растојанието меѓу посететителите и носењето на лична заштитна опрема –  маски пред качување на жичарницата и ски лифтовите.

  • Ски центарот ќе врши редовна дезифенкција на жичарницата и ски лифтовите.

  • Пред секоја жичарница, ски лифт, билетара и пред секое бачило да биде поставен пулт за дезинфенција на раце.

  • Задолжително е носење на лична заштитна опрема – маски на вработените во Скијачкиот центар.
     

Купување на Ски карта
  • Посетителите имаат можност за купување ски карта со опција за онлајн надополнување.

  • Помеѓу вработениот на билетарата и посетителот мора да има физичка бариера со отвор за купување на ски картата.

  • При купување на ски карта, задолжително е носење на лична заштитна опрема – маска. 

  • Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување на редот, дисциплината и растојанието меѓу посететителите и носењето лична заштитна опрема – маски при чекање ред на билетара.

Ски школа и изнајмување на ски опрема
  • Закажувањето на ски инструктор или изнајмувањење на ски опрема се врши онлајн или телефонски (од далечина).

  • Ски инструкторите може да држат часови (обуки) во група од најмногу до четири лица.

  • После секое користење на ски опрема, задолжително се врши редовна дезинфекција на истата.

    COVID19

Работење на бачилата
  • Работата на бачилата се ограничува, односно може да работат само на отворен простор.
  • При работа на бачилата, дозволена е само шалтерска продажба, со прибор за еднократна употреба.

Ски превоз
  • Превозот во скијачкиот центар се одвува согласно согласно препораките и протоколите за вршење на јавен превоз.

    COVID19Мерки во Хотелот
     
  • Задолжително носењето на лична заштита на лицето-маска за гостите и вработените лица во објектот.

  • Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број којшто, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби и којшто овозможува достапно меѓусебно растојание, а за тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот.

  • Да се советуваат гостите за потреба од пријавување на терминот за одјавување од објектот (check out) со цел навремена подготовка на потребната документација во насока на намалување на времето за задржување пред рецепцијата.

  • Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости, на пр. играчки, списанија.

  • Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот.

  • Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

Мерки во ресторани
  • Служењето храна на шведска маса не е дозволено.

  • Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

  • Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5 до 2 метри.

  • При влез во ресторанот, за користење на ресторанските услуги задолжително е прикажување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-COV-2, односно примени две дози вакцини против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздарвувањето, за лица над 18-годишна возраст

COVID19

Препораки за гости
  • Доследно почитување на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање за услуги.

  • Треба да се ограничат големи собири, со доследно почитување на соодветно меѓусебно растојание.

  • Внатре во угостителскиот објект за сместување, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на лична заштита на лицето - маска за лице или други облици на заштита што ги покриваат устата и носот (шал, крпа или слични облици на заштита) е исто така задолжително.

  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.