Ски Центарот во Маврово почна со заснежувањето на најдолгата и добро позната стаза Едносед. Новиот систем кој е направен по најсовремена технологија во соработка со италијанската компанија Demaclenko ќе продолжи со работата во текот на целата недела, па доколку временските услови останат исти како во моментов, отворањето на Ски Сезоната 2019 ќе биде најавено многу набрзо.