Mavrovo Maximum Adventure

MMA 2022
 
Ресорт Маврово оваа година по седми пат го организираат еден од најпредизвикувачките аматерски спортски настани - “Mavrovo Maximum Adventure”. Овој настан е наменет за компании и е еден вид на лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер, каде екипите се натпреваруваат во авантуристички спортови со цел да победи подобриот.

 

Настанот ќе се одржи од 27 до 29 мај, на терените на Маврово и Мавровско Езеро. Овој настан се состои од 2 дела, Sport Challenge и Adventure Games.

 

MMA

Правила и пријавување на тим

ПРАВИЛА
- Се пријавува тим од 4 - 6 члена;
- Котизацијата за пријавување на тим е 20 евра по учесник;
- Секој тим мора да е пријавен од страна на компанија;
- Компаниите може да пријавуваат повеќе од еден тим;
- Еден тим мора да избере најмалку 4 спорта во кои ќе се натпреварува;
- Eден член од тимот може да се пријави да учествува во повеќе различни спортови согласно правилата кои се наведени во пријавата;
- Секој тим треба да учествува и во Adventure Games;
- Секој тим сам одлучува кои членови во која игра ќе учествуваат во Adventure Games;
- Секој тим мора да има барем една жена учесник;

НАПОМЕНА: Право на учество имаат оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2008/2009 година.

MMA

 

За да пријавите тим потребно е да ги направете следните чекори:
Чекор 1 - пратeте меил на events@resortmavrovo․com со назнака УЧЕСТВО НА ММА 2022;
Чекор 2 – Ќе добиете повратен меյл со ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО и информации за трансакциската сметка на која терба да ја платите котизацијата;
Чекор 3 – Внимателно прегледајте ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО и пополнете ја според правилата кои се наведени во неа;
Чекор 4 – Пратете ја пополнетата ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО со скенираната потврда за плаќање на котизацијата на events@resortmavrovo․com;
Чекор 5 – Нашиот тим ќе ја прегледа вашата пријава и доколку се е во ред ќе добиете потврден меյл за учество во ММА 2022
Чекор 6 – Искористете го престојното време до настанот за да се подготвите за предизвиците кои со сигурност ќе ги предизвикаат сите ваши сетила и физички способности;

Рокот за пријавување на тимови е до 20 мај.

MMA

 

НАПОМЕНА: Сместувањето како и трошоците за храна не се покриени од организаторот, но ќе бидат понудени промотивно ниски цени за сместување со појадок во хотелите на Ресорт Маврово, како и храната на пунктовите за пикник.

Повеќе информации на events@resortmavrovo.com

 

mma