Без разлика како уживате во снежните спортови, секогаш покажете љубезност кон другите и бидете свесни дека постојат ризици во сите снежни рекреативни активности. Овие промени вклучуваат брзи промени на временските услови, видливоста и условите на ски стазите, како и природни и вештачки опасности како карпи, дрвја, трупци, лифтови, столбови од жичари, топови за технички снег итн.
ПРАКТИКУВАЈТЕ ГО АЛПСКИОТ КОД, СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО СО ДРУГИ И ЗНАЈТЕ ЈА ОДГОВОРНОСТА КОЈА ЈА НОСИТЕ ЗА ВАШЕ ПОДОБРО ИСКУСТВО.
Познавајте си ја способноста и секогаш останете во контрола и во можност да запрете и да избегнувате други посетители или предмети. Ваша одговорност е да останете во контрола додека сте на стазата или пак скокате.
- Земете часови од професионални инструктори да научите и напредувате;
- Користете соодветна заштитна опрема, ризикот од повреда да го сведете на минимум;
- Пред да користите ски лифт или жичара, морате да имате знаење и можност да пристапите, се возите, и се ослободите од уредите за транспорт;
- Внимавајте и почитувајте ги сите знаци и предупредувања. Не користете патеки и стази кои се затворени;
- Дајте простор на посетителите кој се под и покрај Вас. Ваша одговорност е да ги избегнете нив;
- Не запирајте на место кои не се јасно видливи од горниот дел на стазата;
- Погледнете нагоре и дајте предност на другите кога влегувате/излегувате од стаза или пак почнувате да скијате стрмна падина;
- Осигурајте се дека Вашата опрема е во добра состојба и користете соодветни уреди за задржување/закочување на опремата како би се избегнал момент од неконтролирана ски / сноуборд опрема која се лизга надоле по ски стаза;
- Немојте да скијате, бордате, да се возите со лифт или жичара ниту пак да превземате некоја друга алпска активност ако сте под дејство на дрога или алкохол и вашите психо-моторички функции не се најпрецизни;
- Ако сте инволвирани или сте сведоци на несреќа или судир, алармирајте ја Ски Патролата, останете на местото на настанот и идентификувајте се на ски патролерите или пак на друго официјално лице од ски центарот;
- ЗНАЈТЕ ГО КОДОТ. ТОА Е ВАША ОДГОВОРНОСТ.
- НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОДОТ МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО БЛОКИРАЊЕ НА ВАШИТЕ СКИ КАРТИ ОД СТРАНА НА СКИ ПАТРОЛАТА ИЛИ ДРУГИ АВТОРИЗИРАНИ ЛИЦА.
- “ПОЧИТТА СЕ ВРАЌА СО ПОЧИТ“ ОД РЕДОВИТЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ДО СКИ СТАЗИТЕ, ПРЕКУ ПАРКОТ ЗА ЦЕЛОТО СКИЈАЛИШТЕ.
Основни Правила и уредување на скијачкиот центар и корисниците
Скијачките патеки СТРОГО се наменети за скијачи / бордери / ски велосипедисти со било каков тип на соодветна опрема за истото;
- Пешаци и пешаци со санки се СТРОГО забранети да се движат или задржуваат на скијачка патека;
- Скијачките патеки се класифицираат на следниот начин со следните бои:
- лесна патека - зелена боја;
- средно тешка патека - сина боја;
- тешка патека - црвена боја;
- екстремно тешка патека - црна боја,
- ски / борд парк - портокалова боја;
- Границите на скијалиштето се означува со портокалови стапови и соодветни знаци;
- Пристапот до секоја скијачка патека мора да биде означен со патоказ на кој има одредено име на патеката, со кој транспортен уред може да се користи патеката и боја за одредување на тежина на ски патеката;
Пешаци:
Пешаците - посетителите без скијачка опрема можат да се движат во обележаните зони кои се наменети за нив, во и околу угостителските објекти на скијалиштето;
- По никаков основ пешак не смее да се движи или задржува на скијачка патека, дури ни во случај на итност или нужна потреба;
Пешаци со санки:
Пешаците со санки можат да ги користат и да се движат во строго определените зони за нив со санките кои се обезбедени / дозволени од страна на скијалиштето;
- Најстрого се забранува пешаци со санки да користат, се движат или задржуваат на скијачка патека;
Жичари:
Жичарите се транспортни уреди кои можат да ги користат скијачите / бордерите и пешаците кои имаат купено соодветен билет;
- Корисниците на жичарите мора да ги почитуваат сите насоки за користење на истите и да се придржуваат до било која усмена наредба наведена од службено лице;
- Строго се забранува жичарата да се користи за транспорт на санки, колички за деца и слично
Ски Лифтови:
Ски лифтот е транспортен уред кој може да се користи стриктно со соодветна скијачка, бордерска или ски велосипедска опрема;
- Корисниците на ски лифтовите мора да ги почитуваат сите насоки и правила за користење на истите и да се придржуваат до било која усмена наредба наведена од страна на службено лице;
Моторни Санки:
Службените моторни санки имаат право да се движат по претходно утврдените траси по скијалиштето и тоа да се случува кога има нужна потреба или голема итност (дефект на ски лифт, дефект на жичара, транспорт на повредено лице);
- Во тек на своето движење по скијалиштето мора да се користи соодветната сигнализација и да се практикува еден член на ски патролата да биде во придружба на истата;
- Максимална брзина на службена моторна санка е 25 км/ч;
- Приватни моторни санки СТРОГО се забранува да се движат по било кои скијачки стази, патишта и реони кои се означени како дел од скијалиштето;
- Приватни моторни санки имаат право да се движат по патеките и рутите кои се предвидени за таква активност и се маркирани со жолта боја;
- Максимална брзина на приватна моторна санка која се движи по маркирана патека или рута е 40 км/ч;
- За непочитување на пропишаните правила, надлежни се Ски Патролата и службениците на МВР;
Ратраци:
Ратраците не смеат да се движат по и околу скијачки патеки за време на скијачкиот ден, освен во нужна потреба или голема итност (дефект на жичара, дефект на ски лифт, транспорт на повредено лице) или евентуална итна поправка на некоја од ски стазите која претходно мора да биде затворена и соодветно обележана, ратракот да се движи со ротациски светла и да има во придружба членови на Ски Патролата;
- Поради став 1 за ратраци од овој правилник, еден дежурен возач мора да биде присутен за време на скијачкиот ден на работна позиција;
- Ратраците започнуваат со работа (рамнење на стазите) кога главниот спасител на смена (член на Ски Патролата) ќе потврди дека сите ски стази се празни и сите вработени и посетители се симнати од скијалиштето и транспортните уреди за прекинати со работа;
Воздухопловство:
Параглајдер, делта - план и други средства на спортско и цивилно воздухопловтсво не смеат да полетуваат и да слетуваат на било кој дел на скијалиштето или во границите на ски центарот;
- Тоа е дозволено само доколку има посебно уреден простор, вон скијачките стази, јасно одделен, со соодветна сигнализација;