РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ

Додатни активности

<

ss

Планинарење со дрезги 

Пешачење со дрезги е активност од новиот бран спортски активности за посетители кои не скијаат или бордаат. Со оваа активност можете да ја истражувате планината, да уживате во прекрасните сончеви денови со пријателите и да се фотографирате во бесконечниот мавровски бел пејсаж. 
Навистина е лесно да научите. Нашите водичи ќе ве однесат на лесни и благи патеки за почетните чекори, тие кои имаат желба да прогресираат или пак се искусни во овој спорт, само кажете им на нашите водичи да продолжат кон подолга и потешка тура. 

Типови на тури: 
-    Мала тура 2 - 2.5 часа / цена: 900 денари 
-    Средна тура 4 - 4.5 часа / цена: 1500 денари 
-    Голема тура 7 - 8 часа / цена: 2400 денари 

Што добивате 

-    Лиценциран и искусен водич
-    Вовед во пешачење со дрезги 
-    Дрезги и стапови за пешачење 
-    Енергетски барови и топол напиток (средна / голема тура)

Забелешки 

-    Сооднос водич/гости 1:6 
-    Препорачливо е да имате зимски кондури, панталони, јакна, зимски ракавици и капа 
-    Доколку немате облека а постои желба да пробате планинарење со дрезги, споменатото можете да го изнајмите во Snowsports Academy   

За повеќе информации и резервации, обратете се на backcountry@skimavrovo.com. 

 

s

Санкање

Активноста која покренува огромна доза на среќа и насмевки во семејствата особено кај децата е санкање. Позади Трифкова Колиба бачилото, Ски Маврово прави полигон за санкање кој им овозможува на најмладите да уживаат во зимската забава во комплетно затворена и оградена безбедноста зона. 

Ве молиме бидете свесни дека санкање надвор од означената зона е забрането поради безбедносни причини.