This block is broken or missing. You may be missing content or you might need to enable the original module.

Сноубординг

сб

Сноубординг

Ски Центарот Маврово нуди одлични можности за сноубордери и фристајлери. Сите жичари и лифтови се погодни за сноубордери, додека стазите се погодни за почетници и  напредни бордери, но исто така можете да најдете предизвикувачки делови и за професионалци. На “powder” ден можете да се насладите во длабокиот снег насекаде низ планината.

Тестирајте ги Вашите вештини за карвинг на најстрмните стази на Ноќно бордање. Таа можност ќе ја имате секој петок и сабота од 19.00 - 22.00.

Во рамките на сноубордингот Ски Центарот има историја и долга листа на национални, регионални и европски купови во бордер-крос, паралел слалом и велеслалом, додека фристајл сегментот редовно се случува во “snow park”-от кој се наоѓа помеѓу ски лифтовите Детска Радост и Мирна Долина.

 

сб

Сплит-бординг

Сплит-бординг културата исто како и кај ски турингот расте од година в година. Биста масивот со својот огромен терен, потенцијал и разновидност во конфигурацијата се погодни за секое ниво на спремност. 

Скијачкиот Центар Маврово го поддржува развојот на сплит-бординг културата, но практикување на “сплитинг“ на скијачките стази кои се отворени е забрането поради безбедносни причини. Бидете свесни дека на црните стази Корја - Едносед и Маврово 1 и 2 ратраците по скијачкиот ден постојано работат со сајла - винч, поради избегнување било каква ризична ситуација.

Нашите обучени водичи може да ве однесат на најубавите и тајните локации надвор од секојдневните скијачки стази. За повеќе информации можете да не контактирате на backcountry@skimavrovo.com.