“Don’t be afraid to dream big” изјава на непалскиот планинар Нирмал „Нимс“ Пурја со која почнува документарецот “14 Peaks: Nothing Is Impossible“.
Документарец посветен за човековата решителност и поместување на сите човечки граници. Нимс собори шест светски рекорди во 2019 година кога ги искачи сите 14 врвови на светот од 8.000 метри за помалку од седум месеци. На претходниот рекордер му беа потребни повеќе од седум години.
Официјален постер за документарецот на Netflix
Нимс, кој сега има 38 години, и неговиот тим од непалски шерпаси ги снимија неверојатните снимки, вклучително и фотографирањето со дрон, додека го освојуваа секој вртоглаво високо врв. Нивната мисија, наречена “Project Possible“, започна во Непал, продолжи во Пакистан и Тибет и вклучуваше искачување на познатите врвови како Монт Еверест, К2 и Анапурна.
Интересната животна приказна на Нимс е прикажана во самиот документарец, тој е поранешен војник на непалските Гурки и припадник на специјалните сили на Обединетото Кралство, го реализираше “Project Possible“ со речиси натчовечки храброст и издржливост. Тој е шармантен, извонреден лидер, кој не само што постигна неверојатен физички подвиг, туку помогна и во меѓународна промоција на Непал и непалските планинарите.
Сцена од документарецот “14 Peaks: Nothing Is Impossible.”(Netflix)
Не ја пропуштајте оваа неверојатна приказна, која сигурно и вас ќе ве мотивира и инспирира оваа престојна ски сезона. И запомнете, на планина нема откажување!