Mavrovo Thrones

MAVROVO THRONES е ултимативна трка, со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата  на Ресорт Маврово.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ
Датум: 19 февруари, 2022
08:00 - 14:00 часот - Пријавување / Доделување на стартните бројки пред или во хотел Лоџ
15:00 часот - Собир на сите учесници на Галичко бачило
16:30 часот - Старт на трката 
17:30 часот - Крунисување на Кралот и Кралицата пред "Ски Школа" бар

ПРИЈАВУВАЊЕ
•    Пријавување за трката можете да направите онлајн на skipass.skimavrovo.com
•    Партиципацијата за овој настан изнесува 500 денари (по пријавувањето ќе добиете линк за on-line плаќање);
•    Партиципацијата може да ја платите и онлајн на следниот линк skipass.skimavrovo.com

Оваа година за Кралот и Кралицата, Ресорт Маврово обезбедува:
- Парична награда од 500 ЕУР
- Сезонска ски карта за ски сезона 2022 / 2023
- Red Bull ски наочари.

ПАТЕКА:
Стартот е од горниот дел на Галички ски стаза, потоа се упатува кон првата контролна точка на Трифкова колиба, втората контролна точка е кај Старо бачило, и потоа завршува по стазата на едносед со финиш линија пред хангарот.



ВАЖНО: Кога учесниците поминуваат на контролните точки потребно е на контролорите видно да им го покажат својот реден број впишан на самата маичка. Целиот настан ќе биде спроведен од страна на лица од ски центарот одговорни за организација, ски патрола и професионална медицинска екипа.  

Mavrovo Thrones 2022

ПРАВИЛА НА ТРКА 
•    Секој учесник мора да биде полнолетен 18+;
•    Партиципацијата за учесникот е 500 денари;
•    Секој учесник добива натпреварувачка маичка;
•    Секој учесник мора да носи кацига и соодветна ски/бордерска опрема;
•    Стартот е масовен;
•    Строго е забрането користење на моторни и механички превозни средства (ски лифт, жичара, ратрак, моторна санка) за време на траката;
•    Секој учесник мора да се појави на сите контролни точки;
•    Почитување на сите правила и пропозиции;
•    Доколку не се почитуваат правилата, следува дисквалификација;
•    Се наградуваат 6 натпреварувачи и тоа:
     - Крал
     - Кралица
     - Придружник на кралот
     - Придружничка на кралицата
     - Најкул учесник 
     - Најнеобично ски возило.
•    Сите да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

Доколку првиот (Кралот) е скијач, тогаш прво пласираниот бордер е придружник, и обратно. Истото правило важи и кај жените. 

Повеќе информации на events@resortmavrovo.com

s