Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом

Веќе 20та година по ред, компаниите ќе имаат можност преку скијањето да ја покажат својата хумана страна.

Овогодинешната трка ќе се одржи од 4 до 6 март, а донацијата ќе биде наменета за Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија - Параолимписки Комитет на Северна Македонија, спортска, доброволна, општествено-хуманитарна организација, формирана 1965 година, чија основна цел е да ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско-рекреативните активности на сите инвалидизирани лица на територијата на Република Северна Македонија, без оглед на видот, степенот и карактерот на инвалидноста, како и причините за настанување на инвалидитетот. Собраните парични средства ќе бидат наменети за учество на Меѓународни натпревари за лица со инвалидитет, и за промовирање на принципот „ништо за нив – без нив“.

НФСРИСМ – ПКСМ работи на масовна и систематска психофизичка рехабилитација со лицата со инвалидност по пат на спортување и спортска рекреација со цел за сочувување, јакнење и подобрување на здравствената состојба на преостанатите моторички способности кај инвалидизираните лица, како и нивно активно и рамноправно вклучување во општествениот и стопанскиот живот на Република Македонија.

AHVM2022


ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ? Секоја компанија ќе има можност да пријави еден или повеќе тимови, каде што еден тим мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи или само бордери, или мешано. Секоја фирма-учесник ќе има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама, и се препорачува да направи и свое брендирано знаме со лого за препознатливост и бодрење на своите екипи.

КОИ СЕ ЧЕКОРИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ? Испратете е-мејл на events@resortmavrovo.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 20ти АХВМ, и ќе добиете повратен мејл со пријава за учество. Пополнете ја пријавата уредно, и повторно пратете ја на истата мејл адреса. Платете ја котизацијата за секој пријавен тим по 12.000 денари на следниот депонент и пратете ни ја скенирана уплатницата на events@resortmavrovo.com :

Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки Комитет на Северна Македонија
Краток назив: НФСРИСМ-ПКСМ
300000003834058
Комерцијална Банка Скопје

За повеќе информации и прашања, обратете се на events@resortmavrovo.com

Се гледаме во Маврово! Останете здрави и хумани. 

.
.
.

.
Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски-лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.