Наградна игра „СКИЈАМЕ ВО МАВРОВО“

Правила за наградната игра  „Скијаме во Маврово“

 

Скијаме во Маврово

  • Организатор на наградната игра „Скијаме во Маврово“ е Друштво за сообраќај и услуги РЕСОРТ МАВРОВО ДОО с. Маврово-Маврови Анови. Официјалното име на наградната игра е „Скијаме во Маврово“.

  • Цел на наградната игра организирана од РЕСОРТ МАВРОВО ДОО е промовирање на зимски активности во скијачкиот центар на Ресорт Маврово. Во наградната игра учествуваат сите лица кои имаат купено онлајн ски карта на веб страница www. skipass.skimavrovo.com.

  • Право на учество во наградната игра имаат сите лица, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила (учесници).

  • Наградната игра започнува на 26.11.2021 година во 11:00 и трае до 29.11.2021 година до 23:59 часот. Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија.

  • Наградната игра ќе се рекламира на социјалните медиуми на Ресорт Маврово. 

  • Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано, и ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Ресорт Маврово. Добитникот не може да го заменат својот ваучер за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Вредноста на наградата не е делива и се искористува одеднаш во целост во една продавници. Ваучерот не се однесува на артикли кои се продаваат на попуст. Добитникот на награда Ваучер, ќе може да ја подигне наградата со приложување документ за лична идентификација и кодот кој го добил при купување на ски карта, директно во продажните места наведени погоре во листата. Доколку добитникот од која било причина не може да го приложи како доказ уникатниот код од апликацијата заедно со неговиот документ за лична идентификација, во тој случај нема да може да ја подигне наградата. Доколку добитникот од која било причина не е во можност лично да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на Организаторот. Назначеното лице ќе може да ја подигне наградата на добитникот со приложување на оригиналната порака со бар код, овластување (изјава) на добитникот дека го овластува другото лице за подигање на наградата, како и со приложување на документ за лична идентификација на лицето кое ја подига наградата. Ако добитникот на награда го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот во рок од 8 дена од денот кога е известен дека е добитник на награда.