Тури во Маврово со Haibike HardNine електрични велосипеди

Спремни за нови авантури?🚲🏞

Започнуваме со еднодневни тури во Маврово со Haibike HardNine електрични велосипеди со времетраење до 6 часа.

• Цената е 50 евра по лице (електричен велосипед и кацига)

• Доколку сакате тура со професионален водич се доплаќа 60 евра за кратка тура или 80 евра за долга тура

• Капациетот е од 4 до 9 велосипедисти
 

Тура 1 - Круг околу Мавровско езеро 

Тура 2 - Маврово - Леуново - Чавкарник - Царевец - Маврово


Резервирај го твојот велосипед на +389 71 50 60 70

e-bike mavrovo

Тура 1 - Круг околу Мавровско езеро 

Времетраење на турата: 4 – 5 часа во зависност од активностите на турата
Должина на турата: 32 км.
Вкупно искачување D+: 640 м.
Тежина на турата: лесна
Задолжителна опрема: слоевита облека + резервна облека, вода 1,5л., заштита од Сонце (капа, очила, крема за сончање), хард шел јакна / шушкавец, храна за 1 ден, кацига
За кого е турата: Почетници велосипедисти и сите љубители на велосипедизмот
Предлог активности кои можат да бидат вклучени во турата: пикник на Бојков Кладенец / Леуново; брифинзи со инфо за НП Маврово, географија, култура и традиција, историја, биодиверзитет

Тура 2 - Маврово - Леуново - Чавкарник - Царевец - Маврово

Времетраење на турата:
6+ часа во зависност од активностите на турата
Должина на турата: 45 км.
Вкупно искачување D+: 800 м.
Тежина на турата: средна, средно - тешка
Задолжителна опрема: слоевита облека + резервна облека, вода 1,5л., заштита од сонце (капа, очила, крема за сончање), хард шел јакна / шушкавец, храна за 1 ден, кацига
За кого е турата: Активни велосипедисти и спортисти
Предлог активности кои можат да бидат вклучени во турата: пикник на Чавкарник; брифинзи со инфо за НП Маврово, географија, култура и традиција, историја, биодиверзитет; сликање кај буквите Маврово; посета на Бачило Смрека и дегустација на сирење