Традицијата продолжува! Оваа зима една поинаква зимска приказна во Bistra Design Store во хотелот Бистра, Ресорт Маврово.
Годинава се одлучивме за една поинаква приказна, да ја подигнеме свеста за заштита на нашите планини, води и рисот. Изработивме маици, дуксери, чорапи, платнени торби и многу други изненадување кои ја пренесуваат јасната порака да ја заштитиме животната средина и животинскиот свет.
Преку дизајнот сакаме да пренесеме неколку клучни пораки зошто е битно да се подигне свеста. Шумите се наше национално богатство. Тие складираат милиони тони јаглерод, домаќини се на 80% од копнениот биодиверзитет во светот и се дом на околу 350 милиони луѓе. Светот ги губи шумите со брзина од 27 фудбалски игралишта во минута.
Само 2% од свежата вода на Земјата е затворена во “ice caps” и глечери, додека 97,5% од водата на Земјата е солена вода. Егзистенцијата на секој поединец зависи од водата, ние мора да научиме како да го зачуваме нашето ограничено снабдување со чиста вода.
Природата не е само место за посета. Тоа е дом. Нашиот регион е дом на најголемата мачка на Балканот. Најсериозните закани за балканскиот рис се малата популација, деградацијата на живеалиштата и ловокрадството. Чувајте ги! Приклучете се на нашето движење и понесете со вас сувенир од Маврово. Сите производи се во лимитирани количини и може да се купат во Bistra Design Store во хотелот Бистра, во Ресорт Маврово.
Дуксерите и маиците се достапни за возрасни и за деца.
Дизајн студио: Why Creative
Изработка на дуксери: Dier Design
Bistra Design Store: Resort Mavrovo