Направете ги вашите први чекори во скијањето со професионални скијачки и бордерски инструктори во школата за снежни спортови во Ресорт Маврово.
СКИ АВАНТУРА Маврово ја водат високо квалификувани скијачки и бордерски иструктори во ограден и добро опремен детски полигон. Разновидната програма на скијачки часови и широкиот спектар на ски терени погодни за почетници го прават напредокот побрз и го става Ресорт Маврово на мапата како исклучително погодно скијалиште за семејства со деца и почетници во белите спортови.
СКИ АВАНТУРА Маврово е единствената авторизирана скијачка школа во Ресорт Маврово.
Ценовникот на СКИ АВАНТУРА може да го најдете тука.
ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СКИ ОПРЕМА И СЕРВИС
Центарот за изнајмување и сервисирање во Ресорт Маврово е раководен од СКИ АВАНТУРА, кои имаат голем асортиман на ски и сноуборд опрема, кондури, додатна безбедносна опрема и облека.
Ски сервисот е опремен со најмодерни машини и материјали за било каква поправка на ски и сноуборд опрема.
Локациски можете да ги најдете точно под билетарата, спроти влезот на едносед жичарата.
Контакт информации
Телефон: +389 71 50 60 70
Е-пошта: skischool@resortmavrovo.com